Кривична за кичевец: градел објект за малостопанство без одобрение за градба, употребил и лажен елаборат
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Г.Л.(57) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „употреба на исправа со невистината содржина“. Тој, во својство на инвеститор, без одобрене за градење извршил доградба на објект за малостопанство, а потоа со намера да создаде привид на законитост на објектот употребил елаборат од 2018 година со невистинити …
Continue Reading
Просветен инспектор вршел психичко насилство врз наставничка во училиште во Муртино
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Ѓ.З.(53) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривичното дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот, како државен просветен инспектор, на 15.10.2025, при вршење на инспекциски надзор во основно училиште „Маршал Тито“ с.Муртино, струмичко, извршил психичко насилство на наставничка …
Continue Reading
19-годишник пронајден починат во неговиот дом во село Огњанци
Вчера во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот во с.Огњанци, скопско, е пронајден починат Р.О.(19). Полицијата информира дека лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.
Continue Reading
Го испрскале со пепер спреј па го нападнале: ограбен скопјанец
Синоќа во 19:00 часот во СВР Скопје, Ж.Ц.(34) од Скопје пријавил дека околу 18:00 часот на подрачјето на Карпош, три лица откако го испрскале со пепер спреј физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон. Полицијата соопшти декасе преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Уапсени рзабојници кои ограбија финансиско друштво во Скопје, биле барани и со потерница поради бегство од затвор
Полицијата уапси двајца разбојници кои на 03.12. извршија разбојништво во финансиско друштво во Скопје, а истите биле барани и со потерници поради бегство од затвор. На 04.12.2025 во 17:05 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ж.(37) од Скопје и К.Б.(33) од Битола. Тие се сомничат дека …
Continue Reading
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка. Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на …
Continue Reading
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир. Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Continue Reading
Кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење
Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 29.05.2025, 21-годишна девојка од Тетово пријавила дека пријавениот ја вознемирувал и прогонувал“, информира МВР.
Continue Reading
Ограбени малолетници во Градски парк, напаѓачите им се заканиле со остар предмет
Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје неговата ќерка и нејзин другар биле нападнати и ограбени. Според информациите на МВР, две лица со закана со остар предмет украле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа. Се преземаат …
Continue Reading