28-годишен струмичанец сексуално злоставувал малолетна роднина

Дваесет и осумгодишен струмичанец е приведен под сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз малолетничка со која бил во роднинска врска. Како што денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен, 28-годишниот Д.Р. е приведен вчера во 15 часот по добиена пријава дека се обидел да изврши обљуба. По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена …

Continue Reading

Кај малолетник пронајдени пиштол и куршуми, бегал од полицијата ама бил фатен

Полициски службеници вчера лишиле од слобода 16-годишен малолетник, кај кого биле пронајдени пиштол и куршуми, соопшти Министерството за внатрешни работи. -Вчера во 18:10 часот во Скопје, во близина на гробиштата Бутел, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Скопје. При сообраќајна контрола во Скопје, полициските служебници дале знак за запирање на мотоцикл, кој го управувал малолетникот, …

Continue Reading

17-годишно момче со десет убоди сакало да го убие својот татко, тој е во критична состојба

17-годишен малолетник е осомничен за обид за убиство на својот татко во семејниот дом на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Скопје, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинителството, момчето за време на семејна расправија влегло во спалната соба каде се наоѓал неговиот татко и со остар предмет му нанело десет убодни рани во пределот на телото. На местото на настанот била и …

Continue Reading

Драма на границата со Албанија, спречен илегален шверц на добиток

34- годишниот К.Б. од Дебар бил приведен бидејќи заедно со уште едно лице сакал илегално да пренесе добиток преку граничниот премин Блато. „При дадена наредба да застанат, лицата не ја почитувале и продолжиле со движење, по што испукани се три предупредувачки куршуми во воздух“, соопшти полицијата. Лицата веднаш излегле од возилото и се обиделе да побегнат. По преземените мерки, К.Б. …

Continue Reading

Најдена дрога во затворот „Шутка“ при претрес на ќелија со тројца затвореници

Во затворот во Скопје, вчера околу 11:00 часот е извршен претрес во просторија каде што биле сместени осудените лица П.К., М.А. и М.О., соопштија од СВР Скопје. При претресот на прозорецот биле пронајдени бела прашкаста материја, марихуана, како и лажица и шише со течност. Од полицијата истакнаа дека се преземаат сите мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на …

Continue Reading

34-годишен мотоциклист почина по судир со трактор

34-годишен мотоциклист од Јосифово го загуби животот по сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 14 часот на регионалниот пат од селото Јосифово кон селото Пирава, на местото викано „Железен мост“ во Валандово. Според информациите од полицијата, во несреќата учествувале трактор „ИМТ“ со приколка, управуван од В.Т. (75) од Пирава, и мотоцикл „Сузуки“ управуван од С.К. (34) од Јосифово. При …

Continue Reading

Се обиделе да вадат бакар со оган, па завршија со лисици на рацете

Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против две лица кои предизвикале пожар на градската депонија. Станува збор за 38-годишниот Е.В. од Прилеп, со привремен престој во Струга, и 61-годишниот Ф.Н. од Струга, кои се сомничат за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 2 август 2025 година двајцата биле затекнати на депонијата во …

Continue Reading

Двајца приведени, еден во бегство по упад во маркет во Чаир

Двајца млади разбојници утринава завршија во полициски раце откако се обиделе насилно да ограбат маркет на улицата Џон Кенеди во скопската општина Чаир. „Околу 04:50 часот беше пријавено дека три лица насилно влегуваат во маркетот. Веднаш реагираа екипи од Единицата за интервентна полиција и Полициската станица Бит Пазар“, соопшти МВР. Кога ги забележале полицајците, напаѓачите се дале во бегство, по …

Continue Reading

„Нисан“ удрен од товарно возило кое избегало од местото на несреќата

Вчера во 16:49 часот на магистралениот пат Куманово–Крива Паланка се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Нисан“ со скопски регистарски ознаки и товарно моторно возило, кое го напуштило местото на несреќата, соопшти СВР Куманово. Возачот на „Нисан“, Л.С. (57) од Скопје, се здобил со телесни повреди и бил пренесен на соодветна здравствена установа. Полицијата презема итни мерки за пронаоѓање …

Continue Reading