Со „мерцедес“ излетал од патот: тешко повреден охриѓанец
Вчера во 18:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на автопатот Охрид-Кичево, во близина на селото Ново село, општина Дебрца, патничко возило „мерцедес“, управувано од Ѓ.Ш.(24) од Охрид, излетало од патот. Во несреќата со тепшки телесни повреди се здобил возачот Ѓ.Ш., констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото изврши екипа на СВР …
Continue Reading
Уапсен 75-годишен скопјанец, пронајдени оружје и муниција во неговиот дом
Вчера во 18:40 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 75-годишниот Љ.С. од село Трубарево. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 …
Continue Reading
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. Во периодот од …
Continue Reading
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци
Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител …
Continue Reading
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево
Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди. Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош. Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а …
Continue Reading
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга
Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Continue Reading
Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата каде престојувал
Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде престојувал на улица „Даме Груев“ во Охрид. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Continue Reading
Предизвикале пожар крадејќи бакар: кривични пријави за малолетник и уште двајца кумановци
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’. Имено на 13.07.2025 на место викано ,,Бавчи’’ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината.
Continue Reading
Се договорил да му го транспортираат возилото од Германија во Македонија: останал и без автомобил и без пари
Вчера во 15:30 часот во СВР Тетово, 49-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од лицето Б.„Н“ за сума од 5.000 евра. Според пријавеното, во мај 2025 година во Сојузна Република Германија тој се договорил со лицето да му го даде неговото „фолксваген голф“ за да го транспортира во РСМ. Како што е пријавено, откако му дал полномошно само …
Continue Reading