66-годишен охриѓанец пронајден починат во неговиот дом
Вчера во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П. (66) од Охрид. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти полицијата.
Continue Reading
Краделе бронзена биста од гробот на Стале Попов: осомничени четири лица за кражба и сквернавење на гробиштата во Бутел
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани …
Continue Reading
Уапсени четири лица, украле биста од Градските гробишта во Бутел
Четири лица од Скопје се уапсени, биле фатени веднаш откако украле бронзена биста од гробиштата во Бутел. Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот на Градските гробишта Бутел, полициски службеници ги уапсиле О.Ш.(49), М.Ш.(22), Љ.Ф.А.(26) и З.Р.(26), сите од Скопје. Во возилото „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал З.Р., а останатите се сопатници е пронајдена и одземена …
Continue Reading
Жена од кочанско измамена за 4.000 евра со лажни ветувања за пензија
61-годишна жена од кочанско пријавила дека била измамена од 59-годишниот П.Г. од истиот регион за сума од 4.000 евра. Според пријавата, во октомври 2020 година тој ѝ ветил дека со пријатели од Скопје ќе ѝ овозможи да добие пензија. Жената во декември 2023 година му ги предала парите, по што до крајот на 2024 година имале повремени контакти, но потоа …
Continue Reading
Скопјанка го пријавила својот брат поради психичко вознемирување, веќе му било забрането да и’ се приближува
Во СВР Скопје на 17 септември околу 20 часот, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот брат Д.М. (46) подолг период ја вознемирувал психички и ѝ упатувал закани. Според пријавата, против него веќе била изречена мерка за забрана за доближување. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Инцидент кај Петровец – нападнато возило на пожарникари, напаѓачот им се заканувал
Во полицијата било пријавено дека вчера кај наплатната рампа Петровец, лице упатувало закани кон пожарникари кои се движеле со службено возило, а потоа со физичка сила го оштетило возилото. Пријавата ја поднел 28-годишниот С.Г. од Скопје, кој заедно со колегите пожарникари бил во возилото во моментот на инцидентот. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Continue Reading
Уште една измама со лажна сообраќајка во Чашка, измамен 74-годишник за 14.000 евра
Вчера во 21:15 часот во СВР Велес, 74-годишен маж од општина Чашка пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 14.000 евра. Според пријавеното, лицето му се јавило на телефон и му кажало дека неговата ќерка има направено сообраќајна несреќа и дека треба да плати за да ѝ биде направена операција. Како што е пријавено, откако се договориле, …
Continue Reading
Приведен 19-годишник од Битола: возел со 104 км на час на место каде што брзината е ограничена на 50 км на час
Вчера во 18:30 часот на улицата „8 Септември” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода В.Г.(19) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници запреле патничко возило „сеат”со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Г., при што е констатирано дека го управувал со брзина од 104 километри на час во населено место каде што брзината е …
Continue Reading
Две деца од 12 години и еден 14-годишник фатени во центарот на Скопје при кражба
Вчера во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 12 години и еден 14-годишник, сите од Скопје. Околу 17.00 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар тие одзеле пари и побегнале, но набргу биле пристигнати од двајца вработени во објектот. Притоа, еден од малолетниците им …
Continue Reading