Четири тешки сообраќајни несреќи во земјава, тешко повредени повеќе лица
На 22 септември во земјава се регистрирани четири сообраќајни несреќи во кои тешко се повредиле повеќе лица, информира МВР. Скопје, ул. Александар Урдаревски Во 07:35 часот се судриле патничко возило „пежо 307“, управувано од М.К. (46) од с. Кучевиште, и мотоцикл управуван од А.К. (23), исто така од Кучевиште. Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди …
Continue Reading
Претрес во Кисела Вода, пронајдена дрога, уапсен скопјанец
Денеска во 06:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 34-годишниот Г.А. од Скопје. При извршен претрес во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходно добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Continue Reading
Планинари од Белгија спасени од полициски тим: биле нападнати од овчарски кучиња, па бегајќи од нив се качиле на столб за мобилна телефонија
Вчера во 19:13 часот во ОВР Дебар е примен повик за помош од страна на белгиски државјани кои планинареле во планинскиот појас над Дебар, но биле нападнати од кучиња. Констатирано е дека тие се наоѓаат во близина на селото Новак, општина Центар Жупа, по што полициски тим со теренско возило веднаш се упатил кон селото, каде заедно со ловочуварот од …
Continue Reading
Скопјанец ја турнал мајка си, ја давел, па кршел саксии по дворот, Обвинителството бара притвор
Скопското Обвинителство поведе постапка против 40-годишен маж од Скопје, осомничен дека извршил телесна повреда врз својата мајка, во инцидент што се случил на 21 септември во семејниот двор на улицата „Славејко Арсов“. Според истрагата, осомничениот на висок тон барал пари од своите родители. Неговиот татко, вознемирен, го напуштил дворот, но синот продолжил да ѝ се обраќа на мајка си со …
Continue Reading
Кривична пријава против директор на ЈП за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“
Полицијата во Дебар поднесе кривична пријава против Л.Р.(61) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Според информациите на МВР, тој, во текот на 2024 година, во својство на директор на Јавно претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“, ПО Скопје, подружница „Стогово“- Дебар, објавил јавен повик за склучување на …
Continue Reading
Почина девојче во тетовската болница
Девојче на седумгодишна возраст починало вчера во болницата во Тетово. Од Обвинителството соопштија дека е издадена наредба за обдукција. „Јавен обвинител од ОЈО Тетово веднаш по настанот беше известен дека има инцидент со оштетување на имот на болницата. Откако ја утврди причината за инцидентот, обвинителот веднаш уште вчера издаде усна, во утрово и писмена наредба за обдукција на телото на …
Continue Reading
Вчера уапсени деветмина возачи: дел од нив возеле со брзина поголема од дозволената
Во текот на вчерашниот ден (21.09.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 772 издадени платни налози, поголемиот дел од нив, односно 540 прекршоци се однесуваат на возачи кои што не ја почитувале пропишаната брзина на движење, соопшти полицијата. Според статистичкиот преглед од полициските …
Continue Reading
(Видео) Полициски службеници спасија повредено лице на Шар Планина, со хеликоптер пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза”
Полициски службеници од САЕ Тигар и ОВЕ денеска со хеликоптерот Бел 412 спасија повредено лице од Шар Планина, во реонот на Гостивар, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР велат дека веднаш по добиената пријава дека на Шар Планина се превртело возило, а со повреди се здобил А.Џ., тие се упатиле на местото на настанот и повреденото лице е …
Continue Reading
Лишени од слобода двајца турски државјани поради предизвикување пожар во Горно Нерези
Полицијата приведе двајца турски државјани кои додека работеле со апарат за заварување предизвикале пожар. „На 20.09.2025 во 18:00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје. Тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар. Имено, додека работеле со апарат за заварување, од …
Continue Reading