Малолетник од Скопје натепан, па удрен со возило
Малолетник од скопски Сарај вчера бил нападнат од две лица, кои подоцна го удриле и со возило пред трговски центар. Според информациите на полциијата, на 10.10.2025 околу 16:00 часот во СВР Скопје, малолетник од село Сарај, скопско, пријави дека пред средно училиште на подрачјето на општина Сарај, скопско, бил физички нападнат од И.С.(18) од с.Глумово, општина Сарај и уште едно …
Continue Reading
18 килограми злато украле разбојниците снимени додека ја ограбуваат златарата во Гостивар
Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека од златарата во Гостивар се украдени околу 18 килограми злато во вредност од околу 1,8 милиони евра. Разбојниците по кражбата побегнале со патничко возило БМВ без регистарски таблички кое потоа е пронајдено опожарено на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово. – Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење …
Continue Reading
Осомничен во Македонски Брод приведен за притисок врз гласач
Педесетгодишниот Б.М. од село Брест, општина Македонски Брод, вчера беше приведен од страна на полициски службеници од ОВР Македонски Брод. Тој е осомничен дека повеќепати телефонски се заканувал на Г.А. (47) од Македонски Брод со цел да ја поддржи неговата листа за претстојните локални избори. Според пријавата, последната закана се случила додека Г.А. го пријавувал случајот во полициска станица, а …
Continue Reading
Повикан во полиција возачот на службеното возило што дивееше на „Партизанска“
Денеска полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии. Против Б.Б. се преземени мерки по член …
Continue Reading
(Видео) Филмска кражба во златара во Гостивар: Маскирани лица крадат злато и пари и бегаат со црн џип
Вчера во центарот на Гостивар се случила дрска разбојничка кражба во златара. Според првичните информации, неколку вооружени и маскирани лица влегле во објектот, ограбиле значителна количина злато и пари, а потоа со црн џип побегнале во непознат правец. Разбојниците, за да го отежнат движењето на полициските екипи, фрлиле бодликави жици на повеќе локации во центарот на градот. Денес се очекуваат …
Continue Reading
Уапсен крадец во Кавадарци: ја истепал и вработената во маркетот што го ограбил
Денеска во 12:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода 44-годишниот Л.С. од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.10.2025 во 14:30 часот извршил „разбојничка кражба“. Имено, тој се сомничи дека одзел производи кои биле поставени пред продажен објект во Кавадарци, по што бил забележан од вработена во маркетот. Таа се упатила кон него да ги …
Continue Reading
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице
Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко. При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното …
Continue Reading
Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје
На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. …
Continue Reading
Битолчанка измамена за сума од 27.000 евра: лажен лекар и кажал дека ќерка и имала тешка сообраќајка
Вчера во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да …
Continue Reading