Ограбено финансиско друштво во Гази Баба, разбојникот ја скршил влезната врата
Разбојник ја скршил влезната врата на финансиско друштво во Скопје, влегол внатре и украл пари. Вчера околу 05:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во периодот од 19:00 часот на 09.02.2026 до 04:40 часот на 10.02.2026 со употреба на сила и подесен алат е скршено стакло од влезна врата на објект на финансиско друштво на подрачјето на Гази Баба …
Continue Reading
Разбојници ограбиле жена на улица во Аеродром, ѝ го украле ранецот
Двајца разбојници ограбиле жена на улица во Аеродром. Од МВР информираат дека дел од украдените предмети се најдени и вратени на жената. Полицијата поднесе кривична пријава против Д.М.(18) и Г.Д.(25), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ на дрзок начин. Имено, тие се сомничат дека на 10.02.2026 околу 06:30 часот на подрачјето на општина Аеродром …
Continue Reading
Уапсен албански државјанин на ГП Блато, сакал да поткупи полицаец
Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“ го лишија од слобода Б.Ц.(33) од Република Албанија поради сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“. Имено, при пасошка контрола при излез од државата, тој во неговата патна исправа ставил пари и го известил полицискиот службеник, со што го …
Continue Reading
МВР со детали за тешката сообраќајна незгода на влезот во Скопје: автомобил и камион целосно изгореа, 25-годишник тешко повреден
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на Град Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25-годишниот А.В. од село Бујковци, скопско и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со неготински регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Љ.Д. од село Брест, штипско, при што …
Continue Reading
Вчера уапсени седум лица: возеле без возачка дозвола, а двајца од нив биле малолетници
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода седум возачи затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола. Од нив двајца во Скопје и по еден во Гевгелија, Богданци, Гостивар, Тетово и Битола. Возачот во Гостивар е малолетник, како и еден од возачите во Скопје, кој управувал мотоцикл. Лицата се приведени во …
Continue Reading
Со ловечка пушка се заканувал на вработена во адвокатска канцеларија
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода.
Continue Reading
Го нападнал синот во Струшко
Вчера во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека Џ.А. во семејниот дом во струшко село физички го нападнал неговиот син. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Continue Reading
(Фото) Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 69-годишник
Вчера во 15:30 часот на улицата „Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 69-годишниот Ј.Џ. од Гостивар. При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и …
Continue Reading
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи. Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Continue Reading