Куќа целосно изгоре во Зелениково, сопственикот се обидел сам да го изгасне пожарот
Куќа целосно изгорела во пожар што вчера избувнал во селото Тисовица, општина Зелениково. Сопственикот се обидел сам да го изгасне огнот, но не успеал, информира МВР. Според полициското соопштение, пожарот избувнал околу 13 часот во куќа сопственост на Р.Е. (37) од селото Тисовица, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 18 часот. Во пожарот куќата целосно изгорела, но за …
Continue Reading
Скопјанка измамена за 117.000 денари, маж лажно се претставил како вработен во Катастар
Дваесет и четиригодишна скопјанка пријавила во полиција дека две лица ја измамиле за 117.000 денари, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ помогнат на нејзиното семејство да откупи и приватизира земјиште во државна сопственост. Според информациите од МВР, случајот бил пријавен вчера, 22 октомври, во 14 часот во СВР Скопје. Жената пријавила дека на 21 септември се сретнала со две лица, од …
Continue Reading
Mаж пронајден мртов во својот дом во Ѓорче Петров, на телото имало траги на насилство
Шеесет и двегодишен маж е пронајден починат во својот дом на подрачјето на скопската општина Ѓорче Петров, а на телото биле забележани траги на насилство, информира МВР. Случајот бил пријавен вчера, 22 октомври, во 18:40 часот во СВР Скопје. Починатиот е идентификуван како С.Ј. (62). Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство. На местото бил извршен …
Continue Reading
Четворица повредени во сообраќајна несреќа во Виница, еден од возачите бил пијан и избегал
Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20:45 часот на крстосницата меѓу улиците „Маршал Тито“ и „Ленинова“ во Виница. Според информациите од МВР, во несреќата учествувале два автомобила „ауди“ со винички регистарски ознаки, управувани од Д.П. (42) од Виница и П.П. (24) од селото Лески, кој по судирот го напуштил местото …
Continue Reading
Кривична пријава против двајца вработени во Итната помош во Тетово, не испратиле екипа кај повредено лице
Кривична пријава е поднесена против двајца вработени во Итната медицинска помош во Тетово, осомничени дека не испратиле екипа за да му укаже медицинска помош на повредено лице во селото Доброште. Како што информираат од МВР, СВР Тетово поднело кривична пријава против И.В. (35) и И.М. (51) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „неукажување медицинска помош“. Според …
Continue Reading
Приведен крадец во Велес за издржување едногодишна затворска казна
Вчера во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 35-годишниот Б.М. од село Бузалково, велешко. Тој бил барна по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор …
Continue Reading
Претрес во Радовиш, пронајдена дрога: двајца уапсени
На 20.10.2026 во 20:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода 30-годишниот Е.А. и 31-годишниот Е.Д., двајцата од Радовиш. При преглед кај нив, кај Е.А. биле пронајдени две пакувања со марихуана. На 21.10.2026, со судка наредба извршен е и претрес во домот на Е.А., при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. За …
Continue Reading
Приведен 40-годишник кај Ќафасан, затекнат со околу еден килограм марихуана
Вчера во 20:50 часот, во близина на граничниот премин Ќафасан, на подрачјето на Струга, полициски службеници од Мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“ – Охрид, во содејство со Полициската станица за граничен надзор Франгово, го лишиле од слобода 40-годишниот Б.Б. од Гостивар. При преземање мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, лицето …
Continue Reading
Оштетиле повеќе граѓани за сума од над 12 милиони денари: Кривична против две кумановки и пет банкарски службеници за измама, злоупотреба на лични податоци и на службена положба
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 23-годишната А.С.Д. и 35-годишната М.В., двете од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „злоупотреба на лични податоци“, како и против М.П.(34), С.М.(27), Н.Н.(34), Д.М.(48) и С.О.(36) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Првопријавената, во периодот од јануари до јули …
Continue Reading