Уапсен охриѓанец: ја претепал сопругата

Синоќа во 22:45 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.А.(52) од Охрид. Полицијата постапила по претходна приајва дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон

Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР. Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон. Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник

Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР. Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп. Увид на …

Continue Reading

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“ во обид, „загрозување на сигурноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, соопшти МВР. Според информациите од полицијата, на 18 февруари 2026 година, во семејниот дом во Битола каде што живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети …

Continue Reading

МВР поднесе кривична за жена од Делчево – нападнала дете додека си играло со нејзиниот внук

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.А. (64) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од МВР. Според информациите, на 6 февруари во двор од семејна куќа во Делчево, пријавената физички нападнала малолетник кој си играл со нејзиниот малолетен внук.

Continue Reading

Седум лица пријавени за измама по лажна пријава за сообраќајка во Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б. (20) од село Горна Речица, Н.М. (66) од село Мала Речица, И.И. (51) од Тетово, А.Р. (58) од Тетово, И.Р. (38) од село Градец, гостиварско и Н.М. (23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, како и против А.Б. (47) од Тетово поради сомнение за „помагање“ во врска …

Continue Reading

Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм …

Continue Reading

Охриѓанец претепал 34-годишна жена и нејзиниот малолетен син

Синоќа во Охрид во 17:37 часот, на улица „7 Ноември“ Ф.И(38) физички ја нападнал Н.Н.(34) и нејзиниот малолетен син, сите од Охрид. Полицијата информира дека по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Починат охриѓанец пронајден во помошна просторија од куќа

Вчера во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил пронајден починат И.А.(75) од Охрид. Смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош во Охрид а увид на местото извршија полициски екипи и јавен обвинител по чија наредба, телото е предадено на обдукција, соопшти полицијата.

Continue Reading