Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село

На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната. По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска …

Continue Reading

Приведен 23-годишник од Боговиње по пријава за напад со остар предмет

Во село Боговиње, вќера полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.М. (23) од истото село, постапувајќи по претходна пријава за физички напад. Според пријавата поднесена од А.Т. (18) од Боговиње, инцидентот се случил пред колонијал во селото, при што осомничениот физички го нападнал и употребил остар предмет. По целосно документирање на настанот, против Ј.М. ќе следува соодветна …

Continue Reading

Тешко повредена сопатничка во сообраќајка на автопатот Скопје–Штип

Вчера во 07:15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Скопје–Штип, во близина на Свети Николе, патничко возило опел со вевчански регистарски ознаки излетало надвор од коловозот. Возилото го управувал А.К. (20) од село Вевчани, струшко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.К. (44) од Вевчани, додека возачот се здобил со телесни повреди. Повредите …

Continue Reading

Мотоциклист тешко повреден по судир со куче на патот Р’жаничино–Таор

Вчера околу 16:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат меѓу селата Р’жаничино и Таор, скопско, се случила сообраќајна незгода во која мотоциклист удрил во куче скитник. Според информациите, Р.И. (29) од село Орешани, скопско, управувајќи мотоцикл јамаха со скопски регистарски ознаки, удрил во кучето, по што паднал на коловозот. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки …

Continue Reading

Приведени четири лица поради марихуана во Скопје

Во текот на ноќта меѓу 28 февруари и 1 март 2026 година, на повеќе различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода четири лица поради поседување марихуана. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се А.И. (24), Ф.М. (27) и И.Р. (35), сите од Скопје, како и М.М. (30) од Прилеп. При извршените контроли …

Continue Reading

Се судрија три возила на патот Кичево–Гостивар, има повредени

Вчера на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај „Осломешка раскрсница“, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три патнички возила со кичевски регистарски ознаки. Во несреќата учествувале „ауди А3“, управувано од Ф.А. (24) од селото Зајас, „ауди Q5“, управувано од Г.С. (31) од селото Длапкин Дол и „сеат“, управувано од Н.Р. (56) од селото Бачишта. Со телесни повреди се здобиле возачот на …

Continue Reading

Фрлена течност пред Основниот суд во Куманово

Непознато лице истурило течност до зградата на Основниот суд Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. – Вчера во 21:50 часот во СВР Куманово, полициски службеник од судска полиција на Основен суд Куманово пријави дека едно лице се доближило до зградата на Основен суд Куманово и истурило течност, по што заминало, информираше полицијата.   СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, …

Continue Reading

Возач фатен со 1,99 промили алкохол во крвта и активна забрана за управување возило

Вчера во 21:10 часот на автопатот Куманово-Велес, кај клучка Аеродром во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишија од слобода Т.А(54) од Велес. Имено, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „ланчиа“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Т.А. и по преземени мерки …

Continue Reading

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод

Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила. Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село. По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен …

Continue Reading