Скопјанец агресивно се однесувал и се заканувал на вработени во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа

Полицијата уапси скопјанец кој се однесувал агресивно и се заканувал на вработените во Меѓуопштинскиот центар за социјална работа. Според информациите на МВР, вчера во 16:00 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.А.(41) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:00 часот во Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа-Скопје, …

Continue Reading

Пријава за кражба на струја, жител на тетовско го оштетил ЕВН за над еден милион денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.В.(54) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. Според информациите на МВР, на деловен простор во Тетово, на кој е регистрирано електрично броило, пријавениот направил манипулација со две од трите фази, со што било оневозможено точното мерење на потрошената електрична …

Continue Reading

Фатен крадец на дело во Струмица, затекнат при извршување кражба во црква

Полицијата уапси крадец во Струмица, затекнат при извршување кражба во католичката црква Успение на Пресвета Богородица. На 17.03.2026 во 23:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода С.Х.(26) од Струмица. Тој е затекнат при извршување „тешка кражба“ во католичката црква Успение на Пресвета Богородица, при што одзел пари. Крадецот со употреба на сила влегол во …

Continue Reading

Уапсени двајца насилници, претепале 52-годишник од Охрид и му украле пари и накит

Полицијата приведе скопјанец и охриѓанец осомничени дека физички нападнале 52-годишник од Охрид и му одзеле пари и накит. Според информациите на ВМР, доцна синоќа во 02:35 часот во населба Плитишта во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ј.М(31) од Скопје и С.К.(30) од Охрид. Тие се сомничат дека околу 00:20 часот на улица „Момчило Јордановски“ во …

Continue Reading

Ќе се урива куќа изградена без дозвола во Трпејца: кривична за инвеститорката

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Т.(50) од Струга поради сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Како што информира полицијата, таа, во својство на инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Трпејца, изградила индивидуална семејна куќа без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот сектор за урбанизам при општина Охрид. Врз основа на констатираната состојба, донесено е решение за …

Continue Reading

Запален „ренџ ровер“ во Шуто Оризари: маскирано лице истурило течност и избегало

Во раните утрински часови, во Шуто Оризари бил опожарен патнички автомобил „ренџ ровер“. Возилото според информациите од полицијата било со скопски регистарски ознаки и сопственост на Ф.О.(37) од Скопје. Според пријавеното, сопствениците на безбедносните камери забележале маскирано лице кое истурило течност врз возилото, по што тоа веднаш се запалило. Во пожарот нема повредени лица, а огнот бил изгаснат од екипа на …

Continue Reading

Тешка сообраќајка кај Виница: загина 65-годишен маж, тројца повредени

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на патот Кочани–Виница. Како што соопшти полицијата, на 16 март околу 13:40 часот, во атар на Виница, се судриле патничко возило „фолксваген туран“, управувано од Ј.Т.(59) од Штип, и патничко возило „мазда“, управувано од З.П.(65) од село Истибања, виничко. Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а смрт …

Continue Reading

Девојката која падна од балкон во Тетово била малтретирана од татко ѝ, соопшти полицијата

Малтретирана од татко ѝ била 19-годишната девојка која на 14 март падна од балкон во Тетово. МВР соопшти дека таткото самиот се пријавил во полиција во текот на вчерашниот ден, по што со него бил извршен службен разговор. „Полициските службеници утврдиле дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.“, велат од МВР. Се додава дека, по насока …

Continue Reading

Ја претепал невенчаната сопруга: уапсен маж од Кичево

Синоќа во 20:10 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.М.(25) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата невенчана сопруга. Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading