Го испрскале со пепер спреј па го нападнале: ограбен скопјанец

Синоќа во 19:00 часот во СВР Скопје, Ж.Ц.(34) од Скопје пријавил дека околу 18:00 часот на подрачјето на Карпош, три лица откако го испрскале со пепер спреј физички го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон. Полицијата соопшти декасе преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Уапсени рзабојници кои ограбија финансиско друштво во Скопје, биле барани и со потерница поради бегство од затвор

Полицијата уапси двајца разбојници кои на 03.12. извршија разбојништво во финансиско друштво во Скопје, а истите биле барани и со потерници поради бегство од затвор. На 04.12.2025 во 17:05 часот на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ж.(37) од Скопје и К.Б.(33) од Битола. Тие се сомничат дека …

Continue Reading

По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка

По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка. Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на …

Continue Reading

Ограбена жена на улица во Чаир

Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир. Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишно момче од Тетово за демнење. „СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Ш.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 29.05.2025, 21-годишна девојка од Тетово пријавила дека пријавениот ја вознемирувал и прогонувал“, информира МВР.

Continue Reading

Ограбени малолетници во Градски парк, напаѓачите им се заканиле со остар предмет

Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, И.М.(55) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје неговата ќерка и нејзин другар биле нападнати и ограбени. Според информациите на МВР, две лица со закана со остар предмет украле пари на неговата 13-годишна ќерка, а потоа едно од лицата физички го нападнало нејзиниот 14-годишен другар, кој бил со неа. Се преземаат …

Continue Reading

Пронајдена кафеава прашкаста материја во гајба за леб во Идризово

Вчера во затворот во Идризово при извршена контрола во ходник во затвореното одделение во установата, во гајба за леб се пронајдени неколку пакувања со кафеава прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Continue Reading

Измама со лажен несреќен случај, 70-годишна битолчанка измамена за сума од 20.000 евра

Вчера во 10:19 часот во СВР Битола, 70-годишна битолчанка пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило и ја известило дека нејзината ќерка паднала по скали и ја искршило вилицата и ногата и дека требало да ѝ се стават златни шипки. Како што е пријавено, таа ги оставила парите на …

Continue Reading

Уапсени мажи во Неготино, Злетово и Делчево: возеле пијани, а двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди

Вчера во 21:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ѓ.А.(35) од Кавадарци. Претходно, околу 20:45 часот на улица „Првомајска“ во Неготино, тој со патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бандера, по што го напуштил местото. По преземени мерки, тој е пронајден и по извршено алкотестирање е констатирано дека …

Continue Reading