За проектирање на експресен пат од Куманово до Ранковце се аплицира преку ИПА 3 програмата

боцхварски
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за транспорт и врски планира проектирање на нов експресен пат од Куманово до Ранковце и аплицираше за средства преку ИПА 3 програмата, информира денеска ресорниот министер Благој Бочварски, на настан со кој беше заокружена рехабилитацијата на магистралниот пат од Куманово до Страцин на источниот крак на Коридор 8.







За обновата на патот во должина од 31,2 километри се инвестирани 11,8 милиони евра, во две фази, од Куманово до село Војник во должина од 15 километри и од Војник до Страцин во должина од 16 километри. Со активностите беше опфатена и рехабилитацијата на обиколницата кај Куманово.

-Како продолжение на овој проект го градиме експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, со инвестиција од над 60 милиони евра, а се работи и на проширување со трета лента на патот Крива Паланка – ГП Девер Баир, за што се инвестираат 12 милиони евра. Во нашите планови е проектирање нов експресен пат од Куманово до Ранковце за што веќе аплициравме преку ИПА 3 програмата. Со сите овие капитални проекти комплетно го затвораме источниот крак од Коридорот 8 како нова модерна траса која ќе даде силно економско значење за Македонија, рече Бочварски.

Тој повтори дека Владата останува посветена на доизградба на европските коридори 8 и 10д и оти мапирањето на Коридор 8 како еден од главните еврпски коридори значи голема поддршка од ЕУ, дополнителни финансиски средства и мотив повеќе час поскоро да се заврши неговата изградба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK