TRUSTFIN И DEKRA МАКЕДОНИЈА СО СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО ЗА РАЗВОЈ И ПРОМОЦИЈА НА JOBLINK BY DEKRA


trustfin-screenshot-2026-06-11-133428.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

TrustFin и DEKRA Македонија официјално започнаа стратешка соработка за развој и промоција на платформата JobLink by DEKRA – современо дигитално решение кое има за цел поефикасно да ги поврзе компаниите со талентираните кандидати и да придонесе за понатамошен развој на пазарот на труд во Македонија.


Ова партнерство ги обединува меѓународната експертиза и долгогодишното искуство на DEKRA во областа на човечките ресурси со консултантското искуство на TrustFin, со заедничка цел да создадат модерна и иновативна платформа која ќе одговори на потребите на современите работодавачи и кандидати.

JobLink by DEKRA е развиена како дигитален простор каде компаниите можат лесно да ги промовираат своите работни можности, да го зајакнат својот Employer Branding и да привлечат квалитетни кандидати, додека барателите на работа добиваат брз и едноставен пристап до релевантни работни позиции и кариерни можности.

Платформата нуди огласи за редовни вработувања, како и посебна JobLink Зона наменета за сезонска работа, практикантски ангажмани и први кариерни искуства за младите. Дополнително, корисниците имаат пристап до корисни содржини и информации поврзани со кариерен развој, професионални вештини и пазарот на труд.

„Веруваме дека дигитализацијата игра клучна улога во современите процеси на регрутација и управување со таленти. Преку ова партнерство сакаме да создадеме платформа која ќе им овозможи на компаниите поголема видливост и поефикасен пристап до кандидати, а на барателите на работа полесен пристап до нови професионални можности“, истакнуваат од TrustFin и DEKRA Македонија.

По повод официјализирањето на соработката и понатамошниот развој на платформата, компаниите ќе можат да ја искористат промотивната понуда која важи до 30 јуни 2026 година и вклучува бесплатно објавување на работни позиции, бесплатно поставување рекламни банери и дополнителна промоција на компаниите на платформата.

Сите заинтересирани компании и кандидати можат да се информираат за можностите кои ги нуди платформата на www.dekrajoblink.mk

(ПР)

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK