Британската IT компанија Slink официјално го најавува своето проширување на македонскиот пазар, носејќи современ пристап кон дигитална трансформација, cloud инфраструктура и IT менаџмент за компании кои сакаат да работат побрзо, побезбедно и поефикасно.

„Многу сме среќни што Slink се проширува во Македонија. Ова е важен чекор во нашиот меѓународен раст и веруваме дека пазарот има силен потенцијал за развој. Очекуваме оваа експанзија да донесе нови партнерства, поголемо присуство и уште поголема вредност за компаниите во регионот. Возбудени сме за сè што следи и за можноста да изградиме долгорочни успеси заедно со локалниот бизнис екосистем.” – Том Џонсон, CEO на Slink
Во современиот бизнис свет, технологијата повеќе не претставува само поддршка, туку основа за раст и стабилност. Токму затоа Slink се позиционира како стратешки партнер кој им помага на компаниите да изградат модерна, сигурна и scalable инфраструктура, прилагодена на потребите на денешниот динамичен пазар.
Компанијата нуди услуги во областа на Microsoft 365 management, managed IT services, cloud и Azure solutions, cybersecurity, networking, automation и AI интеграции. Со фокус на оптимизација и паметни технолошки процеси, Slink им овозможува на компаниите
да го намалат времето потрошено на технички проблеми и да се фокусираат на развојот на бизнисот.
Она што ја издвојува компанијата е проактивниот пристап кон IT управувањето. Наместо класичен модел на реакција кога проблемот веќе постои, Slink работи на превенција, континуиран мониторинг и долгорочна стабилност на системите. Со напредни cybersecurity стандарди, automation решенија и 24/7 техничка поддршка, компанијата создава сигурно дигитално опкружување за модерните бизниси.
„Македонскиот пазар има огромен потенцијал за дигитален раст и модернизација, а нашата цел е да им помогнеме на компаниите полесно да ја направат таа трансформација. Slink не доаѓа само како IT support компанија — доаѓаме како технолошки партнер кој активно учествува во растот, безбедноста и ефикасноста на секој бизнис со кој работиме.

Веруваме дека модерната технологија треба да биде достапна, скалабилна и едноставна за користење. Токму затоа во Македонија носиме искуство, системи и стандарди кои веќе функционираат на интернационално ниво, со фокус на Microsoft 365 solutions, cybersecurity, cloud инфраструктура и automation процеси кои реално го олеснуваат работењето на компаниите.“
Истакнува Васко Димовски, COO на Slink