Во вчерашните две големи сообраќајни несреќи во Турција загинаа најмалку 32 лица

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во текот на вчерашниот ден во Турција се случија две големи двојни сообраќајни несреќи, во кои загинаа најмалку 32 лица, а околу 50 луѓе се повредени.







Камион, на кој му откажале сопирачките, „влетал“ во толпата во Мардин, откако се судрил со две возила. Потоа, друг камион влета во толпата и повредените. Официјално беше објавено дека загинале 16 лица, а 29 се повредени, од кои осум потешко, јави Анадолија.

Несреќата се случила во близина на бензинска пумпа во населбата Дерик откако му откажале сопирачките на камионот. Возачот удрил во две возила пред него, а потоа влетал во толпата и се превртел. Полицијата и итната помош излегоа на самото место да им помогнат на повредените, а се собраа голем број луѓе. Во тој момент друг камион влетал во толпата и потоа удрил во кафулето.

Претходно, во друга двојна сообраќајна несреќа, на автопатот меѓу Газиантеп и Низип, 16 лица загинаа во судир на автобус, возило на спасувачката служба и возило на брзата помош.

И во овој случај имало две поврзани сообраќајни незгоди, односно автобусот налетал на претходната несреќа каде што биле спасувачите и новинарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK