Инцидент кај фабрика за оружје во Албанија, уапсени три лица со руски и украински пасоши

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Пред фабрика за оружје во албанскиот град Грамш синоќа се случи инцидент, кога три лица, две со руски и едно со украински пасош се обиделе тајно да влезат во фабриката, потврди министерството за одбрана.







– Веднаш реагирале војниците кои го обезбедуваат објектот, но при напорите да се спречат тројцата странски државјани, повредени се двајца наши војници. Тие се под грижа на лекарите во клиниката за трауматологија во Тирана, стои во соопштението.

Полицијата соопшти дека во комесаријатот во Елбасан приведени се двајца мажи, Русин и Украинец и една Русинка.

Во истрагата за расветлување на околностите на инцидентот е вклучена и агенцијата за разузнавање.

Според медиумите во моментот кога војниците им се приближиле, дошло до физичка пресметка меѓу војниците и трите лица, кои користеле палки и спреј за време на тепачката.

Од нападот повредени се двајца албански војници, кои се надвор од животна опасност, но со ризик едниот од нив да остане со оштетен вид.

-Во чантите на приведените лица- руски агенти пронајдена е апаратура што ја користат агенти за шпионажа за фотографирање објекти. Во микрочиповите на апаратурите пронајдени се фотографии од објектот во Грамш, јавија медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK