Во Србија гореше болница, десетици деца и пациенти се евакуирани

Во-Србија-гореше-болница-десетици-деца-и-пациенти-се-евакуирани.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пожарот што избувна синоќа во Специјализираната болница за болести на тироидна жлезда и метаболички болести „Чигота Златибор“ е локализиран дури изутрината, а спасувачите ги принуди да евакуираат околу сто пациенти, меѓу кои и триесетина деца, јави Радио телевизија на Србија.

Пожарот, чија причина се уште не е позната, ги зафати покривот и горниот кат на болницата во зимскиот туристички центар на планината Златибор, при што се евакуирани вкупно 114 пациенти.

Директорот на Специјалната болница Александар Симиќ изјави дека сите неподвижни и други пациенти се евакуирани и сместени во околните хотели.

Засега е неизвесно кога болницата која прима пациенти од повеќето земји во регионот, ќе продолжи со нормална работа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK