Ноќниот патнички воз Истанбул-Софија удрил во камион што јаа преминувал пругата

Ноќниот-патнички-воз-Истанбул-Софија-удрил-во-камион-што-јаа-преминувал.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Патнички воз кој сообраќал синоќа од Истанбул за Софија и камион со бетон се судриле на премин во близина на селото Черкезкој, провинција Текирдаг, објави ТВ ТРТ Хабер.

Возот удрил во камионот кој се обидувал да го помине преминот. Од ударот и последователно влечење бил повреден возачот на камионот за мешање бетон со турска регистрација. Мажот е хоспитализиран.

Во ноќниот патнички воз Е68 009 имало вкупно 80 лица, повеќето странци, меѓу кои и бугарски државјани, пренесува БТА. Несреќата се случи во 23:00 часот по локално време.

На местото на настанот се испратени медицински екипи и полиција и почнат е увид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK