–>

(Видео) Пожарот во североисточниот дел на Грција продолжува 13 дена: ангажирани околу 600 пожарникари, илјадници хектари шума изгореа

Capture-22.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK





Грчките власти денеска дополнително ги зајакнаа противпожарните сили на североистокот на земјата во Еврос, каде е разгорен пожар веќе 13 дена и упатија предупредувања до жителите во тој реон да бидат подготвени за евентуална евакуација.

Ангажирани се повеќе од 100 дополнителни пожарникари, со што вкупниот број се искачи на 582, поддржани од 10 авиони и седум хеликоптери од девет европски земји, соопшти противпожарната служба.

Во пожарот, кој избувна на 19 август, загинаа 20 луѓе, изгореа десетици куќи, како и огромни површини со шума во регионот на Александрополис и Еврос, во близина на границата на Грција со Турција.

Противпожарната служба соопшти дека поради пожарот вчера беше наредена евакуација од Сидир и селото Џанули, пренесе „Катимерини“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK