Полуматуранти од Основното училиште во Доња Горица, Црна Гора, наводно го запалиле училиштето за време на матурската прослава.
На страницата на Инстаграм „Подгорички времеплов“ објавено е видео од пожарот, каде што е наведено дека пожарот бил предизвикан од факел.
„Полуматурантите со факел го прославија крајот на школувањето, а потоа го запалија училиштето во Доња Горица“, се наведува.
View this post on Instagram
A post shared by Подгорички времеплов (@podgoricki_vremeplov)
Како што можете да видите на видеото, издуваниот чад е висок неколку метри и го зафатил самиот покрив на основното училиште „Владо Милиќ“ во Доња Горица.
Поради употреба на пиротехнички средства училиштето било опожарено, а учениците се евакуирани поради пожарот, пишува порталот „Антена“.