Опсадна состојба во училиште во Загреб: Наставничка се заклучила во училницата со учениците поради деветгодишното дете и неговите родители

1679692698-shutterstock_2173858305-Robson90-1024x683.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во едно основно училиште во центарот на Загреб утрово имало опсадна состојба, поради што дури и интервенирала полицијата.

Наставничката се заклучила во училницата со учениците, бидејќи родителите на 9-годишно момче барале тој да влезе во училницата, иако пред два месеца бил отстранет од час поради обвинувања за врсничко насилство од страна на неговите врсници и нивните родители.

Бидејќи родителите постапувале агресивно, наставничката се плашела за нивната и сопствената безбедност.

„За среќа, наставничката беше присебна и ѝ благодариме за храброста. Таа се заклучи во училницата со нашите деца и им кажа дека тоа е тест вежба за кризна ситуација. Сите побрзавме во училиштето и сме во шок. Ова е страшно, низ што поминуваме и децата и ние со месеци“, вели мајката на еден ученик за „Јутарњи лист“.

Кога стигнала на училиште, како што додава соговорничката на „Јутарњи лист“, заедно со другите родители седнале со момчето пред одделението и инсистирале да влезат во училницата.

Рекоа дека им е преку глава од тоа што нивното дете не оди нормално на училиште со другите.

Според написите, тој бил сместен во библиотеката и наставата ја следел онлајн на компјутер, а секогаш бил придружуван од професорка. Момчето секогаш било придружувано од возрасен и не јадело во исто време со учениците од неговото одделение, но децата не се осмелиле да влезат во библиотеката.

Секојдневно ги навредувал своите врсници од класот, малтретирал и сексуално вознемирувал девојчиња и ги снимал со својот мобилен телефон. Истото им го направил на момчињата, удирајќи ги силно по грбот и во неколку наврати со тупаници по главата. Често им се заканувал дека ќе ги убие нивните родители.

како што пренесува медиумот, фрлил помало момче во воздух, па дури и турнал еден негов врсник толку силно што со главата удрил во работ од масата и добил модринка под окото.

Ова бил дел од инцидентите кои се случиле во училиштето од ноември минатата година за време на наставата или за време на паузата, а кои ги раскажуваат родителите на учениците.

Исто така, момчето редовно ја прекинувало наставата со викање, лаење или мјаукање.

Наставничката со месеци не го искористувала одморот и не излегувала од училницата бидејќи знаела дека децата не се безбедни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK