Тешка сообраќајна несреќа во Грција: возило од Србија се судри со автобус, еден загинат

grcka-policija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Вчера се случи сообраќајна несреќа во Грција во која едно лице загина, додека други две се тешко повредени. Несреќата се случила вчераутро кога директно се судриле автомобил од Србија и автобус, јавува Нова.рс.

Грчките медиуми јавија дека во несреќата се повредени татко, мајка и дете. Жената од повредите починала денеска во болница и покрај напорите на лекарите. Мажот (41) е од Србија, додека мајката по потекло е од Хрватска, пишува Нова.рс.

Двегодишното дете кое беше повредено во несреќата итно е префрлено во болница во Солун. Полицијата во Грција работи на утврдување на околностите кои довеле до несреќата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK