Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ поднесе неотповиклива оставка

branko ruzhikj
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за образование на Србија, Бранко Ружиќ поднесе до премиерката Ана Брнабиќ неотповиклива оставка, јави дописникот на МИА од Белград.







-Во светот на катаклизмична трагедија која ја задеси нашата држава и граѓаните и граѓаните во ОУ Владислав Рибникар, користам можност уште еднаш во неискажана болка да изразам најдлабоко сочувство на најмилите на настраданите, малите ангели да почиваат во мир и Господ да ни е на помош, ова никогаш повеќе да не се повтори, порача во оставката Ружиќ.

Драматичните слики на настаните, солзите при изразувањето на сочувство, наведе тој, доживотно ќе ги носам како печат на душата.

-Како одговорен човек, воспитан, професионален во извршувањето на своите јавни должности, како родител и граѓанин на Република Србија, врз основа на  член 23 од Законот за Влада, донесов рационална и чесна одлука. Поднесувам неотповиклива оставка на местото министер за образование во Владата на Република Србија, стои во оставката на Ружиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK