Спасена жената што исчезна во морето во Торони

Спасена-жената-што-исчезна-во-морето-во-Торони.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пронајдена е жената која исчезна денеска во областа Торони на Халкидики.

Како што јавуваат грчките медиуми, екипажот на приватниот брод ја лоцирал и спасил жената, која е добро.

Taa исчезна во морето додека била во чамец. Во тој момент на подрачјето на полуостровот Ситонија почнаа да се појавуваат силните ефекти од невремето „Даниел“.

Во потрагата веднаш беа вклучени брод на крајбрежната стража и хеликоптер.

Нема информации дали станува збор за грчка државјанка или странски турист.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK