„Се враќам во Кина, за нас нема повеќе живот“: Кинезите со солзи во очите гледаат во трговскиот центар ден по големиот пожар

„Се-враќам-во-Кина-за-нас-нема-повеќе-живот-Кинезите.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







„А што сега? Се враќам во Кина, за нас нема повеќе живот“, рекоа Кинезите кои утрово дојдоа пред трговскиот центар во блок 70 за да дознаат што се случило со нивните објекти. Со наведнати глави, со воздишки од очај и очи полни со тага гледаат во правец на продавниците во кои заработувале години во Србија, каде што биле далеку од своите најблиски.

Сега има само урнатини. Дел од толпата се обидува да влезе внатре, но полицајците бараат од нив да се држат настрана и да не ја нарушуваат истрагата која е во тек.

Во часовите по целосно гаснење на пожарот, освен металната конструкција, ништо не укажува дека до завчера имало продавници во кои граѓаните можеле да купуваат „од игла до локомотива“. Сега, таму нема ништо освен изгорени работи.

Пред трговскиот центар има контејнери во кои продавачите ја складирале својата стока. Сега има и распродажба.

Во кинескиот трговски центар лоциран во блокот 70 во Нов Белград, вчера рано наутро избувна пожар, втор од толку големи размери во последните две години. Огромен број пожарникари се обидуваа да го локализираат пожарот, секоја минута пристигнуваа нови, дополнителни екипи. Во моментот на најсилниот пожар со пожарот се бореа дури 76 пожарникари, а голем дел останаа на должност, многумина се таму и денеска.

Во гаснењето на пожарот учествувале три хеликоптери, а само со оваа поддршка од воздух пожарот бил ставен под контрола. Огромниот облак чад кој вчера се надвисна над Нов Белград денеска беше виден и од Баново брдо и Жарково, другиот крај на градот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK