Родител нападнал наставници во Чачак вербално и физички: Повикал „влијателни луѓе“ да му ги подобрат оценките на неговото дете

Чувал-маж-и-девојка-како-робови-во-Србијa-им-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Во основното училиште „Д-р Драгиша Мишовиќ“ во Чачак, родител на еден ученик Ж.Ч. ги нападнал наставниците, прво вербално, а потоа и физички, затоа што бил незадоволен од успехот на своето дете, соопштија од „Синдикатот за образование Чачак“.

„Родителот направил тежок инцидент за кој била повикана полиција и целиот случај е предаден на јавен обвинител“, се наведува во соопштението на Синдикатот. Синдикатот тврди дека целиот случај дополнително се усложнува со „интервенциите на градските раководители за подобрување на оценките на тој ученик“, како и интервенциите на разни влијателни луѓе од Чачак, на кои родителот се повикал при инцидентот.

„Се поставува прашањето каква порака испраќа ова до децата кои правилно ги исполнуваат обврските, но и до нивните родители. Дали е подобро денес да имате моќни и влијателни познаници отколку да бидете вредни и посветени на учењето?“, се наведува во соопштението.

„Просветен синдикат Чачак“, кој е мнозинскиот синдикат на просветните работници во тој град, го осуди ваквиот однос кон просветните работници и ги повика родителите да ги гледаат наставниците како нивни најблиски соработници во образованието и воспитувањето на нивните деца. Синидкатот побара од надлежните институции што поефикасно да го процесуираат насилството врз наставниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK