Рама со поддршка за Ердоган апелира до граѓаните со албанско потекло да гласаат за него, Бериша со спротивен апел

rama_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Премиерот на Албанија, Еди Рама му изрази поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на претседателските избори во Турција, што ќе се одржат на 14 мај, повикувајќи ги граѓаните со албанско потекло да гласаат за него.







Преку видео-порака на Твитер, Рама вели дека „Ердоган направил извонредна работа за својата земја“.

-За Албанија и Албанците Ердоган е добар и потврден пријател во најтешките денови, додава Рама, повикувајќи ги турските државјани со албанско потекло гласот да го дадат за Ердоган.

Овој апел на Рама, поранешниот албански претседател, екс-премиер и актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, го оценува како „скандалозно и невидено мешање на премиерот во избори на земја која не е Албанија“.

-Јавно го осудувам скандалозното мешање на Еди Рама во изборната кампања на нашата пријателска земја Турција. Личните врски на Еди Рама со претседателот Ердоган не се во согласност со стандардите на традиционалните врски меѓу нашите слободни и пријателски народи. Овие врски се првенствено во функција на нивната меѓусебна моќ, вели Бериша.

Спротивно на Рама, тој побара од Албанците кои живеат во Турција „да ги затворат ушите и да не го слушаат“ и секој турски граѓанин со албанско потекло да гласа за „своите слободи, а не да биде под влијание на никаков повик“.

Според медиумите, во Република Турција живеат околу милион граѓани со албанско потекло.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK