Рама: Да бидеме дел од ЕУ пред да ги спроведеме сите реформи

Рама-Албанија-би-застанала-покрај-Косово-ако-дојде-до-употреба.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска во Котор изјави дека земјите кои преговараат со Европската унија треба да бидат дел од политичкиот простор на ЕУ за полесно да се разбере за што се работи и како во пракса се спроведуваат реформите.


Во своето обраќање на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, Рама рече дека смета оти не е потребно да се чека да се спроведат сите реформи, за ЕУ ​​да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан.

„Треба да бидеме дел од Унијата пред да ги спроведеме сите реформи за да видиме како тоа се спроведува во пракса и полесно да се навикнеме на пазарот на кој припаѓаме“, рече Рама.

Тој го изрази својот ентузијазам и им се заблагодари на Оливерт Вархеји и на Комисијата за нивната посветеност.

„Напредокот што го постигнавме од последната средба во Скопје говори сам за себе.

Подготвивме индивидуални реформски планови, идентификувавме клучни иницијативи кои ќе не доближат до заедничкиот пазар и, конечно, почнавме да се подготвуваме за заеднички регионален пазар. Накратко, подготвени сме“, изјави Рама, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK