Пленковиќ: Бејби Лазања добива 50.000 евра од Хрватска

ффф.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Бејби лазања ќе добие 50.000 евра од  Хрватска за одличниот пласман на Евровизија 2024 година.

Оваа вест ја соопшти техничкиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Искрени честитки до Марко Пуришиќ, чие уметничко име е Бејби Лазања, за неговиот фасцинантен успех на Евровизија, каде освои најголем број гласови од публиката, а се најде на второто место во целина. Ова е најголемиот успех на независна Хрватска од настапот на групата Рива“, рече Пленковиќ на 306. седница на Владата и додаде:

„Му благодариме на Загреб за прекрасниот пречек и на Умаг, тие беа навистина прекрасни слики од успехот на еден млад човек и навистина му посакуваме многу, многу успех во неговата понатамошна работа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK