Поларизацијата на глобалната сцена директно влијае на безбедноста на Западен Балкан порачаа експертите на втората регионална конференција СМАРТ Балкан

Smart4
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Целокупната поларизација на глобалната сцена директно влијае на безбедносната динамика на Западен Балкан.

Загрижувачкиот пораст на родово-базирано насилство и фемициди, политичката пропаганда и политичкиот екстремизам во земјите од Западен Балкан како закани по мирот и стабилноста на земјите, бараат итна реакција од институциите и останатите засегнати страни. И токму во ваков поларизиран свет, граѓанските организации играат клучна улога во дејствувањето против ширењето на радикализацијата, нудејќи алтернативни наративи и платформи за дијалог кои се спротивставуваат на идеологиите кои нудат придружни конфликти.


Мирот и стабилноста се клучни фактори за економскиот и социјален просперитет на регионот на Западен Балкан. Од друга страна пак, регионот се соочува со пораст на партиска пропаганда, политички екстремизам и национализам како закани за мирот, просперитетот и демократијата. СМАРТ Балкан проектот преку вмрежување на организациите од регионот и имплементација на заеднички регионални проекти, работи на креирање решенија за оваа проблематика.

Испитување на влијанието на политичкиот екстремизам врз регионалната стабилност и потенцијалните последици за економскиот развој, анализирање на улогата на етно-национализмот како дестабилизирачка сила, неговото влијание врз односите меѓу заедниците и неговите импликации врз мирот и просперитетот, разбирање на предизвиците што ги поставуваат мрежите на организиран криминал, како и загрижувачкиот пораст на родово-базирано насилство и фемициди на Балканот се дел од прашањата на кои разговараа десетици панелисти експерти и над 80 претставници на граѓанскиот сектор од земјите во Западен Балкан.

Западниот Балкан е сведок на загрижувачки пораст на фемициди, како одраз на сложена интеракција на социо-економски, културни и политички фактори. Фемицидот, убивање на жени и девојчиња поради нивниот род, стана актуелно прашање, привлекувајќи внимание за потребата од сеопфатни мерки за справување и спречување на родово-базираното насилство во овие земји, согласно Истанбулската конвенција.  Секоја година во Балканскиот регион се повеќе луѓе се убиени како последица на насилство и семејно насилство, иако тие пријавиле во институциите, но не добиле соодветна реакција од страна на надлежните институции. „Елиминирање на насилството врз жените и девојчињата“ не е само прашање на човекови права, туку клучна компонента за градење на општество кое напредува во полињата еднаквост, правда и принципи на мир и просперитет, вели директорката на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), Марија Ристеска.   Мирен и безбеден Балкан е можен само ако имаме интегриран Балкан. Многупати се покажало дека интегративните процеси за нас се и процеси на помирување внатре во секоја од нашите земји, но и помеѓу нас, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска обраќајќи се на регионалната конференција „Мир и просперитет на Западниот Балкан“.

СМАРТ Балкан проектот на регионалната конференција „Мир и просперитет во Западен Балкан: Што му се заканува на регионот и како да се искористат можностите” додели 11 регионални грантови во вкупна вредност од 18.542.365 норвешки круни и дополнителни 11.228.098 норвешки круни за оперативни грантови за 22 граѓански организации од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Речиси 17 милиони евра е вкупната вредност на грант програмата за граѓански организации од Македонија и регионот, а со цел зајакнување на граѓанските организации и мрежи во регионот и нивно поактивно учество при градењето на мирно и инклузивно општество.

СМАРТ Балкан проектот се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, во партнерство помеѓу Центарот за промоција на граѓанското општество  од Босна и Херцеговина, Центарот за истражување и креирање политики од Северна Македонија и Институтот за демократија и медијација од Албанија, финансиски поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK