Ослободени се четворица Срби, осомничени за вооружен конфликт во Бањска

Ослободени-се-четворица-Срби-осомничени-за-вооружен-конфликт-во-Бањска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека во вторник ослободило четворица осомничени за случајот во Бањска во Звечан, бидејќи според нив немало доволно докази за нивната вмешаност во случајот, објави приштинска Коха.


Како што соопштија од Обвинителството, осомничените се уапсени далеку од местото на настанот.

„Ве информираме дека четирите лица кои беа уапсени за време на акцијата на косовската полиција, во селото Бањска во општина Звечан, далеку од местото на настанот, вчера беа ослободени од Специјалното обвинителство на Република Косово во отсуство на докази од косовската полиција“, соопшти во средата Обвинителството, пренесува Коха.

Косовската полиција уапси осум лица во врска со вооружениот напад што се случи во неделата во Бањска во Звечан, каде беше убиен наредникот на косовската полиција Африм Буњаку.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK