Во областа Пелион во југоисточниот дел на Тесалија во централна Грција паднаа повеќе од 754 милиметри дожд на метар квадратен, што е највисока дневна врнежи од почетокот на евиденцијата.
Метеоролозите велат дека рекордот е забележан од полноќ меѓу понеделник и вторник до 20 часот и 45 минути тој ден во селото Загора, објави „Катимерини“, а пренесе Танјуг.
Претходниот максимум, според податоците на Националната опсерваторија на Атина, паднал на 10 декември 2009 година во селото Макриници, исто така на Пелион, каде од облаците наврнале речиси половина дожд од сега – 417 милиметри.
„Ова што се случува во Тесалија е исклучително екстремен феномен, како по обем и интензитет на врнежи, така и по времетраење“, изјави за „Катимерини“ Костас Лагувардос, директор за истражување во Атинската опсерваторија.
Претходно беше објавено дека еден човек загина во поплавите во Волос, централна Грција, откако бурата Даниел ја погоди Тесалија. Обилните дождови донесоа проблеми во Солун, Лариса, како и на островот Скијатос.