Мицотакис: Грција и Египет фактори на стабилност во нашето пошироко геополитичко соседство

micotakis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имавме можност да разговараме за сите прашања за нашата соработка, да направиме проценка на геополитичката ситуација во Источниот Медитеран и да потврдиме дека Грција и Египет се фактори на стабилност во нашето пошироко геополитичко соседство, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах Ел- Сиси, јави дописничката на МИА од Атина.







Мицотакис и Ел-Сиси се сретнаа денеска во Египет, средба за која грчкиот премиер рече дека била „куса, но продуктивна“, била потврдена „стратешката длабочина на односите меѓу двете земји“ и било договорено формирање Врховен совет за соработка, што би требало да се одржи во Грција на почетокот на следната година.

-Грчко-египетските односи се независни, силни. Не се одредуваат и не зависат од било кои други односи што може да ги имаме со другите земји во источниот Медитеран. Ова е нешто што го разјаснивме со претседателот Сиси, ваков е карактерот на односите, ова е стратешки однос што Грција го разви со Египет, истакна Мицотакис во изјавата за грчката државна телевизија ЕРТ.

Тој рече дека со египетскиот претседател разговарале за можностите за соработка со акцентот ставен на енергетските прашања, ја потврдиле волјата Египет да ѝ помогне на Грција во недостигот на работна сила во одредени сектори. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK