Експлозија во близина на Атина: оштетен станбен блок, компании и продавници, полицијата трага по напаѓачот

Експлозија-во-близина-на-Атина-оштетен-станбен-блок-компании-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Силна експлозија на бомба во близина на пристаништето Пиреја, југозападно од Атина, оштети станбен блок, каде што се наоѓаа компании и продавници.


Истиот блок претходно беше нападнат во 2020 година, пренесува грчки Катимерини. Експлозијата се случила околу 01 часот и 20 минути, откако непознато лице поставило експлозивна направа во метален контејнер на влезот од зградата на улицата Филонос, а според извештаите било употребено поголемо количество експлозив, најверојатно активирано од запален осигурувач.

Набрзо дошло до експлозија која предизвикала голема штета на станбената зграда во која се сместени осигурителни компании, бродски компании и адвокатски канцеларии, како и продавници во соседството, но во нападот нема повредени.

Полицијата го блокираше пристапот до улицата и е на терен и прибира докази.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK