Додик: Ако се наметне законот за државен имот, РС би можела да прогласи независност

dodik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави дека РС би можела да донесе одлука за независност во случај високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит го наметне закон за државен имот, според кој имотот ќе биде во сопственост на државата БиХ.







– Ако, на пример, кажат дека некој Шмит, кого Советот за безбедност не го назначил за висок претставник, наметнува закони на Федерацијата Босна и Херцеговина, се обиде да наметне нешто за имотот, тоа е, на пример, денот кога би можело да се донесе одлука за независност на РС, изјави Додик за РТ Балкан.

Тој ја оспори и легитимноста на Советот за спроведување на мирот во БиХ, бидејќи по руската инвазија врз Украина, Русија повеќе не учествува во него.

– Ја нема Русија како фактор, која беше во Советот за спроведување на мирот, но (Советот) си зема за право да одлучува за клучните одлуки во БиХ. Сега постојат само западните сили и полтроните кои трчаат околу нив, кои сакаат да го поддржат таквото однесување на Западот, кој одамна се откажа од приказната за почитување на меѓународното право, посочи Додик.

Тој го повтори ставот дека РС не сака БиХ да стане членка на НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK