Поплави во Краина, најлоша состојба во Босанска Крупа, Нови Град и Костајница

poplavi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дождот што со денови паѓа предизвика поплави во повеќе градови во Унско-санскиот кантон во Федерацијата Босна и Херцеговина, додека вонредна состојба е прогласена во Костајница и Нови Град во Република Српска.







Во Унско-санскиот кантон најлоша е состојбата во Босанска Крупа, каде голем дел од градот е поплавен, а водата навлегла во приземјето на бројни куќи и згради.

Патиштата се затворени за сообраќај, а спасувачките чамци се во подготвеност на сите критични точки. Евакуирани се сите граѓани кои се наоѓале во критичните места.

На седницата на општинскиот штаб за вонредни состојби утринава е прогласена состојба на елементарна непогода во Нови Град во Република Српска.

Поради поплавите наставата е во прекин во сите основни и средни училишта. Тешка е состојбата и во Костајница каде вчера попладне беше прогласена вонредна состојба.

Поради излевање на реката Уна, целосно е прекинат сообраќајот на излезот од Нови Град кон Козарска Дубица. Водостојот на реките Сана и Уна се уште расте.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK