Доаѓаат во Македонија по сперма и јајце клетки: Во Хрватска нема донори, па нема ни банка

Доаѓаат-во-Македонија-по-сперма-и-јајце-клетки-Во-Хрватска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Медицински потпомогнатото оплодување (MPO) со донирани гамети е дозволено со закон во Хрватска, но тоа е многу тешко во пракса бидејќи Хрватска нема банка за сперма и јајце клетки за помош на парови на кои им се потребни донорски гамети за оплодување. Згора на тоа, нивниот увоз од земјите каде што има банки засега не функционира.


Хрватските парови на кои им е потребна ваква помош мораат да одат во други земји кои имаат банки, а најмногу доаѓаат во Македонија и Чешка, но и во Шпанија, Белгија и Португалија. Хрватскиот завод за здравствено осигурување (ХЗЗО) најчесто не им ги покрива трошоците.

Хрватите најчесто се решаваат да дојдат во Македонија на оплодување и пренос на донаторски јајце клетки затоа што е значително поевтино одошто кога би отишле во некоја од земјите од ЕУ. Според законите на ЕУ, една членка на Унијата не може да покрие поголем дел од трошоците во друга членка отколку што таа друга земја покрива за нејзините граѓани. Македонија не е во ЕУ, па ХЗЗО може да ја покрие целата сума.

Паровите кои се соочуваат со овие или уште поголеми проблеми во Хрватска се бројат во стотици секоја година. Пациентите, но и разни здруженија, како што е Рода, сметаат дека Хрватска треба да формира банка за гамети, доколку тоа е неопходно и изводливо.

Но, од Министерството за здравство на Хрватска тврдат дека за ова има сериозни, речиси непремостливи пречки. Една од клучните причини за тоа што нема банки е немањето заинтересирани донори во Хрватска кои би сакале да дадат гамети и ембриони. Како главна причина за нивното непостоење во Министерството се наведува проблемот со регрутирање потенцијални донатори, нивна идентификација и согласност.

Проблемот станува уште посериозен кога се знае дека за целата тешка процедура што треба да ја поминат донаторите во Хрватска, тие не го добиваат финансискиот надоместок што постои во некои земји, како што е Чешка.

Конечно, ако некој донатор реши да помине низ сите перипетии без никаков надомест, од чист алтруизам, ќе го чека уште една важна пречка. Имено, повеќето донатори имаат тенденција да останат анонимни, додека хрватските закони тоа не го дозволуваат поради Конвенцијата за правата на децата, според која тие имаат право да го дознаат своето биолошко потекло најдоцна кога ќе станат полнолетни.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK