(Фото) И Вучиќ чекаше ред за да гласа

Фото-И-Вучиќ-чекаше-ред-за-да-гласа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Србија денеска избира нов парламент, на неполни 18 месеци од последните парламентарни избори. Фаворит на предвремените избори е десничарската националистичка Српска напредна партија (СНС) на претседателот Александар Вучиќ.
Избирачките места се отвораат во 7 часот, а се затвораат во 20 часот. Српскиот претседател Александар Вучиќ нешто пред девет часот пристигна на избирачкото место во Нов Белград.

Тој дошол сам на гласачкото место и чекал во ред за гласање четириесетина минути, јавува репортерот на ФоНет.

Првите резултати се очекуваат доцна навечер во недела.

Последните анкети и даваат мнозинство на Српската напредна партија на претседателот Александар Вучиќ, со 40 до 45 отсто од гласовите.

Вучиќ изминативе денови речиси секој ден се појавуваше на телевизија за да повика да се гласа за СНС, сугерирајќи дека постои опасност од хаос во земјата. Според неколку студии, владата е фаворизирана во медиумите, а само претседателот зазема 40 отсто од времето посветено на вестите.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK