Четири канадери од Италија и Франција ќе помагаат во гаснењето на пожарите во Грција

kanaderi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Преку механизмот на Европската Унија за цивилна заштита и по барање од грчка страна за справување со пожарите, во Грција ќе бидат испратени два канадери од Франција и два од Италија, соопшти ЕУ комесарот за цивилна заштита Јанез Ленарчич, јави дописничката на МИА од Атина.







Ленарчич на Твитер напиша дека по барањето од Грција за помош за справување со шумските пожари во регионот на Атика, мобилизирани се два канадери од цивилната заштита на ЕУ во Франција и два канадери од флота RescEU во Италија,„кои се очекува да пристигнат уште денеска“.

Паралелно додаде дека веќе помагаат пожарникарите од Романија кои во Грција пристигнаа пред почетокот на сезоната на пожари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK