Снопче: Студентите не се заплашуваат со методи од поранешниот комунистички систем


halil-snopce.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Задржувањето на граница на претседателот на Студентскиот парламент на Универзитетот „Мајка Тереза“, кој е еден од организаторите на протестот, и неговото задржување половина час во просториите на граничната полиција, со образложение дека се наоѓа на посебна листа за контрола, претставува недозволив чин и отвора сериозни сомнежи за притисок и заплашување на студентите, реагира Халил Снопче од Алијанса за Албанците.


„Додека студентите бараат право загарантирано со Уставот и законите, премиерот ни зборува за lingua franca, како еден социолингвистички концепт да може да ги замени уставните права.

Ниту политичката терминологија може да ги ограничи уставните права, ниту методите на заплашување можат да го замолчат гласот на студентите“

Укажете им на надлежните органи и запрете ги овие практики, повика Снопче. Студентите, додаде тој, не бараат привилегии, туку само остварување на своето право.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK