Блинкен со осуда за акциите на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на север во државата

blinken_98898998
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД силно ги осудуваат дејствијата на Владата на Косово за насилен пристап до општинските згради на северот на Косово, дејствија што ги презедоа против советите на САД и европските партнери на Косово. Тоа се нагласува во пораката на американскиот државен секретар Ентони Блинкен.







„Тие акции остро и непотребно ги ескалираа тензиите, поткопувајќи ги нашите напори да помогнеме во нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и ќе имаат последици за нашите билатерални односи со Косово. Го повикуваме премиерот Албин Курти да го смени курсот и сите страни да се воздржат од какви било понатамошни дејства што ќе ги разгорат тензиите и ќе промовираат конфликти“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK