Барели во притвор, а граѓаните на Химара го избраа за градоначалник

bareli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот на опозициската изборна коалиција „Заедно победуваме” за градоначалник на Химара, Фреди Белери(предлог на партијата на Грците) кој е во притвор, поради сомнение за купување гласови, ја доби довербата на гласачите.







За него гласале 50,12 отсто од излезените гласачи, наспроти кандидатот на Социјалистичката партија Јорго Горо кој доби 49,98 отсто од гласовите.

Берели од затвор на социјалните мрежи напиша “денес нема губитници, победници се сите граѓани на Химара”.

Беше уапсен на 12 мај на полноќ под обвинение за „активна корупција на избори извршени во соработка“ а во реакцијата уште додава дека „победи демократијата! Химара победи!“.

– Благодарност до сите што покажаа храброст. Ги разбирам сите оние кои тероризмот се обиде да ги потчини. Денеска нема губитници, туку победници се сите граѓани на Химара, а јас сум нивниот градоначалник, пишува Белери, пренесува АТА.

Порачува дека како прв меѓу еднаквите “заедно ќе напредуваме за да станеме уште посилни во одбраната на демократијата и човековите права“.

Апсењето во неговото кафуле во Химара, гратче главно населено со припадници на грчката заедница, во четвртокот на полноќ и изречената мерка притвор во петокот, од страна на судот во Валона ја вжешти политичката клима во земјата а силни реакции имаше од Грција.

На предупредувањата дека овој случај ќе го загрози европскиот пат кон ЕУ, поради” непочитување на правата на Грците во Албанија” официјална Тирана и порача на Атина ” да не се меша во нејзините внатрешни работи”.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK