15-годишно девојче застрелано на Калемегдан

Двајца-ученици-на-12-и-13-години-приведени-поради-испраќање.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Околу 8 часот утринава со воздушна пушка е застрелано 15-годишно девојче кај Калемегдан.


Детето било застрелано во бутот кога тргнало на училиште.

Според српските медиуми, девојчето тргнало на училиште, а во првиот момент откако било рането помислила дека ја удрила топка во ногата. Неколку секунди подоцна забележала крв.

Девојчето е пренесено во Институтот за мајка и дете и чека операција.

Тинејџерката се здобила со прострелна рана во бутот.

Инцидентот бил пријавен во полиција по 8 часот, а истрагата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK