(Фото) Гореше приколка од камион на регионалниот пат Струмица-Валандово: интервенираа струмичките пожарникари

Денес, во 14.20 часот, на регионалниот пат Струмица-Валандово, ТППЕ Струмица со две противпожарни возила и пет пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на запалена приколка од камион. Пожарот е целосно изгаснат за кратко време после пристигнувањето на лице место, извести ТППЕ Струмица.

Continue Reading

Зверев доминантно до финалето на Ролан Гарос

Саша Зверев, е првиот финалист на Ролан Гарос во 2026 година. Зверев го победи Јакуб Меншик со 3-1. Германецот славеше по три часа игра во Париз со 7:5, 6:2, 3:6, 6:3 и за првата титула на најголемите турнири ќе се бори против Коболи или Арналди. Зверев досега три пати играл финале и никогаш не успеал да освои Гренд слем титулата. …

Continue Reading

(Фото) 335 ученици од основни училишта учествуваа на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет

Пред крајот на учебната година, 335 ученици од основните училишта „Илинден” од Крива Паланка и „Љубен Лапе”, „Ацо Шопов”, „Лазо Трповски ” и „Киро Глигоров“ од Скопје, беа учесници на традиционалната церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет. Церемонијата започна со македонската химна, изведена од Воениот оркестар и придружена од детските гласови. Потем, учениците имаа можност да ги …

Continue Reading

Времето утре: променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно, во …

Continue Reading

Мицкоски по средбата со Макрон: Нашата цел е да градиме пријателства, да отвораме врати и да обезбедиме поголемо разбирање и поддршка

Премиерот Христијан Мицкоски извести дека имал пријателска и срдечна средба со францускиот претседател Емануел Макрон, во Тиват. „Разговаравме за регионот, за прашањата важни за иднината на нашите граѓани и за европските перспективи, теми на кои долго време работиме. Франција е една од највлијателните држави во Европа, па затоа е важно да се разговара отворено, директно и со јасно изразени очекувања. …

Continue Reading

(Видео) Драма во вселената: „Подгответе се за итна евакуација!“; Се огласи НАСА

На астронаутите на Меѓународната вселенска станица им е наредено од НАСА да се засолнат во своето вселенско летало и да се подготват за потенцијална евакуација во петок, додека рускиот екипаж се обидува да поправи влошено истекување на воздух во нивниот дел од орбиталната лабораторија, соопшти НАСА, според Ројтерс. Четирите астронаути од мисијата Crew-12 до станицата – двајца американски астронаути, еден …

Continue Reading

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните технички усогласувања, вели Министерството за социјална политика

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е имплементација на ново софтверско решение со кое се врши модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа. „Станува збор за значајна реформа чија цел е зголемување на ефикасноста, сигурноста и квалитетот на услугите што ги …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски задоволен од средбите со Макрон и Мерц во Тиват: Процесот на проширување е жив, членките на ЕУ ја разбираат нашата позиција

Во рамки на Самитот Европска Унија – Западен Балкан кој се одржа денес во Тиват, Црна Гора, претседателот на владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски даде изјава за медиумите во која оцени дека процесот на проширување на Европската Унија останува жив. „Ова се моменти кога практично Европската унија, односно Европскиот Совете јасно кажува дека процесот на проширување останува жив. …

Continue Reading

СДСМ: Сите лаги на Мицкоски паднаа во вода – без разлика на предлозите за нова динамика, мора да се почитуваат европските правила

„Сите лаги на Хрисијан Мицкоски паднаа во вода. Иницијативата на германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон за нова динамика на интеграција на Западен Балкан, претставува уште една потврда на она што го говори СДСМ, дека има расположение во ЕУ за прошрување но Македонија мора да ги спроведе реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот“, соопшти СДСМ. …

Continue Reading