Клековски: Климатските промени повеќе не се само еколошки предизвик, туку закана за здравјето

Министерот за здравство Сашо Клековски учествуваше на Денот на здравјето на конференцијата на Обединетите нации за климатски промени COP31 во Анталија, Турција. Таму се обрати на два настана на високо ниво. На Министерската тркалезна маса, која ја копретседаваа министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу и претседателот на COP31, Мурат Курум, со учество на генералниот директор на Светската здравствена организација, …

Continue Reading

Заврши првиот „CENTAR NIGHT RUN“ во Скопје

Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот, соопшти организаторот. Настанот привлече учесници од 23 градови од Македонија и вкупно девет земји, а 50% од тркачите беа помлади од 30 години. Со старт …

Continue Reading

Германија би можела да ја добие првата жена претседател, ЦДУ ја предлага Илзе Ајгнер

Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска потврди дека ќе ја предложи претседателката на баварскиот покраински парламент, Илзе Ајгнер (61), од сестринската Христијанско-социјална унија (ЦСУ), за кандидатка за претседател на Германија, пренесува Танјуг. Нејзината кандидатура претходно добила поддршка и од Социјалдемократската партија (СПД), со што се отвора можноста Германија за првпат да добие жена на чело на државата. …

Continue Reading

Песков: Европејците нема да учествуваат во преговорите за Украина

Преговорите за завршување на конфликтот во Украина, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби, беа планирани без учество на европски претставници, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој објасни дека разговорите ќе се водат во трилатерален формат, меѓу Русија и Украина, со посредство на Соединетите Американски Држави, пренесува Спутник. „Што се однесува до европското присуство, знаете дека …

Continue Reading

Експлодирал бојлер во стан во Аеродром

Бојлер се запалил и предизвикал експлозија во стан на подрачјето на скопската општина Аеродром. Во инцидентот нема повредени лица. Настанот бил пријавен утрово во 4:50 часот во СВР Скопје. Според пријавата, бојлерот во тоалетот на станот се запалил, по што дошло до експлозија. На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје. Фото – илустрација

Continue Reading

Кривична пријава против 22-годишник од Дебарско за вонбрачен живот со малолетничка

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц. (22) од дебарско село поради сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. На 13 август годинава, 22-годишникот започнал вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако по претходен договор ја зел со автомобил во близина на нејзиниот дом, велат од МВР. По преземените мерки, полициски службеници и претставници на Центарот за …

Continue Reading

Осуммина уапсени за безобѕирно возење, меѓу нив и возач кој возел во спротивна насока со забрана

Осум возачи биле уапсени во изминатото деноноќие на различни локации низ државата, поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Министерството за внатрешни работи. Од нив, четворица управувале возила без положен возачки испит, двајца возеле под дејство на алкохол, а двајца управувале возила и покрај активна забрана за возење. Без положен возачки испит биле затекнати В.П. …

Continue Reading

Мајка уапсена во „Идризово“, му носела пакет со марихуана на синот затвореник

Шеесет и петгодишна скопјанка вчера била уапсена во затворот „Идризово“, откако во пакет што го донела за својот син, кој издржува затворска казна, била пронајдена марихуана. Според информациите од МВР, на 8 ноември, околу 10 часот, при преглед на пакетот била пронајдена и одземена марихуана, по што полициски службеници во 11:30 часот ја лишиле од слобода Џ.Ф. (65) од Скопје. …

Continue Reading

Норвешка го ограничува приклучувањето на нови дата-центри, стравува од недостиг на струја

Норвешкиот оператор на електропреносната мрежа „Статнет“ (Statnett) денеска привремено ја запре обработката на барањата за приклучување нови центри за податоци на електроенергетската мрежа, додека Владата не воспостави систем за издавање дозволи со кој ќе се регулира нивното ширење и зголемената потрошувачка на електрична енергија. Иако Норвешка произведува повеќе електрична енергија отколку што троши, се очекува брзиот развој на инфраструктурата за …

Continue Reading