Без струја утре делови од општините Бутел, Кисела Вода и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 07.55 до 09.55 часот, дел од корисниците од улиците Тале Христов и Костурска, општина Бутел; · во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Мишко Михајловски и улицата Емил Зола, општина Кисела Вода; · во периодот од 10.05 до 12.05 часот,дел од …
Continue Reading
Делови од Карпош утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат: · поради дефект на приклучна цевка на Мексичка 10, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Мексичка, дел од Варшавска, дел од Хелсински, дел од Ташкенска, дел од Хаванска и дел од Париска, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Continue Reading
Иран: Можеме повторно да го отвориме Ормускиот теснец; ова е златна можност
Висок ирански функционер во вторникот изјави за Ројтерс дека Иран би можел повторно да го отвори Ормускиот теснец во рок од неколку дена доколку САД ја укинат блокадата, опишувајќи го Генералното собрание на Обединетите нации како „златна можност“ за обновување на дипломатијата со Вашингтон. Американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ќе присуствуваат на Генералното собрание на ОН …
Continue Reading
УЈП ги изготвува МПИН пресметките за паушалците
Управата за јавни приходи (УЈП) ги информира самовработените лица кои данокот на личен доход го плаќаат врз основа на паушално утврден нето-доход дека во изминатиот период спроведе активности на генерирање на Месечните пресметки за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување, согласно последните измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување. Со оваа законска измена значително се олеснува исполнувањето …
Continue Reading
(Во живо) Трамп се обраќа пред ОН
Американскиот претседател Доналд Трамп штотуку го започна својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Претседателот на САД – земјата-домаќин на Генералното собрание на ОН – традиционално се обраќа меѓу првите. Меѓу светските лидери кои денес треба да се обратат пред Генералното собрание се и францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и – подоцна во …
Continue Reading
Митревски дојде од Америка да сними нов „Бал-кан-кан“ со Сашко Коцев: Најдоброто што сум го напишал
По 14 години професионално отсуство од домашната кинематографија, режисерот Дарко Митревски се враќа на македонскиот филм со спин-оф на „Бал-кан-кан“. Но, наместо носталгично подгревање на култното дело од пред повеќе од две децении, тој најавува циничен коментар на времето во кое живееме – приказна што се потсмева на потрагата по лажен сјај и слава во ерата на социјалните мрежи. „По …
Continue Reading
Гаши-Хилал: Зајакнување на соработката за родова еднаквост и унапредување на учеството на младите
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, се сретна со Зеина Хилал, програмска директорка за родови и младински програми при Интерпарламентарната унија (ИПУ) во пресрет на утрешниот настан „Унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Северна Македонија“. На средбата разговараа за актуелните прашања и предизвици поврзани со унапредувањето на родовата еднаквост, зајакнувањето на учеството на …
Continue Reading
Сулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмот
Во рамките на официјалната посета на Анкара, денеска министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој. Средбата помина во исклучително срдечна и пријателска атмосфера. Двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, како и за потенцијалите за нивно понатамошно …
Continue Reading
Унгарски државјанин во повеќе торби сокрил 200 илјади евра
Спречен обид за нелегално внесување на непријавени девизи во висина од 200 илјади евра, откако унгарски државјанин на влез во државава, на граничниот премин Табановце, спротивно на закон не ги пријавил кај царинските службеници. Поради постоење сомнеж, возилото било селектирано за контрола и извршен е детален преглед при што помеѓу менувачот во ташна била пронајдена црна платнена торбичка со девизни …
Continue Reading