Министерството за енергетика покровител на Националниот средношколски натпревар за зелени иновации

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска, во рамки на официјалното отворање на „Европската ноќ на истражувачите“ во МАНУ – Куќата на науката, официјално ја најави поддршката и покровителството на Министерството и нејзино лично како министер за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации за средните училишта. Станува збор за натпревар кој речиси две децении …

Continue Reading

(Видео) Филипче: Советник на премиерот им кажува на клиниките каква опрема да купуваат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека Владата наместо да ги решава проблемите во здравството со недостигот на лекови, долгите листи на чекање и лошите услови за лекување, е фокусирана на влијание врз јавните набавки во здравството, а коруптивните практики се присутни на секое ниво. Во тој контекст, Филипче откри дека советник на премиерот шета …

Continue Reading

(Видео) Спасовски: 5,53 милиони евра за прославата – каде се одлуките, даноците и договорите за парите?

Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски побара целосна транспарентност за финансирањето и реализацијата на прославата по повод 35-годишнината од независноста, посочувајќи дека јавноста треба да знае како и за што биле потрошени милионските суми. Спасовски посочи дека првично било кажано оти за прославата не биле потрошени пари, а потоа беа објавени информации за потрошени околу 5,53 милиони евра. Тој укажа на …

Continue Reading

Паркот во Градски ѕид добива нови садници, детско игралиште и теретана на отворено

Паркот зад „Краш“ во Градски ѕид добива нов изглед. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во работите на терен, каде што се уредува зеленилото и се довршуваат содржините за одмор и рекреација. Веќе се поставени системот за наводнување и тревната површина, а во тек е садењето на 90 нови садници и дрвја. Меѓу нив има јапонски украсни …

Continue Reading

Тешко повредена жена во Скопје, со тротинет ја удрила друга жена и избегала

Триесет и едногодишна жена со тешки повреди е пренесена во болница откако во неа удрил електричен тротинет, кој го управувала друга жена. Според информациите на МВР, вчера во 06:40 часот во СВР Скопје, од Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ – Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесена Е.Д.С.(31) од населба Илинден. Според пријавеното, на …

Continue Reading

Со автомобил удрил во лице во инвалидска количка во Скопје

Возач удрил во лице во инвалидска количка во Скопје. Лицето со тешки повреди е пренесено во болница. Според информациите на МВР, вчера околу 10:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Борис Трајковски“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.Г.(41) од Скопје, удрило во инвалидска количка, во која бил Т.П.(70) од Скопје. Во несреќата …

Continue Reading

Дрон влезе во Романија и се урна, бил во воздух четири минути

Министерството за одбрана на Романија потврди дека мало беспилотно летало се урнало на североистокот од земјата. Поминало околу четири минути во романскиот воздушен простор пред да се сруши. Авионот се урна во близина на градот Солча во округот Сучава. Министерството вели дека нема повредени или материјална штета. Екипи на Министерството за внатрешни работи го обезбедиле подрачјето и ги пронашле остатоците …

Continue Reading

(Видео) Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата, почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Пратеничката група на Левица најави дека ќе поднесе повеќе измени на Изборниот законик со кои ќе бара отстранување на нерамноправностите во изборниот процес, а првата иницијатива ќе биде за укинување на платеното политичко рекламирање. Ова, како што појаснуваат, следува по одлуката на Уставниот суд да ја отфрли иницијативата на Левица и да не расправа за одредбите од Изборниот законик со …

Continue Reading

Виз Ер Скопски маратон со нова мотивација: испратете 7 секунди поддршка за вашиот најблизок

Поддршката од семејството и пријателите е важен дел од секоја трка. А годинава, оние кои се најблиски до учесниците на 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон ќе имаат можност да им испратат порака која ќе ги пречека директно на патеката, токму во моментите кога им е најпотребна дополнителна мотивација. На 4 октомври, илјадници учесници ќе бидат дел од Виз …

Continue Reading