Без струја денеска делови од општините Бутел, Сопиште, Центар и Илинден
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · Без напојување со ЕЕ ќе бидат дел од корисниците на улицата Хо Ши Мин од 08.00-14.00 часот, општина Бутел; · Без напојување со ЕЕ ќе бидат дел од корисниците на улицата 9 и дел од улицата 1 од 08.30-14.00 часот, општина Сопиште; · Без напојување со ЕЕ …
Continue Reading
Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд
Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени. Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во …
Continue Reading
Средба на Сиљановска-Давкова со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати, со седиште во Рим, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси. Заблагодарувајќи се за лично доставената покана за учество на Конференцијата на Обединетите нации за водите, којашто од 8 до 10 декември ќе се одржи во Абу Даби, претседателката ја истакна важноста на одржливото управување со водните ресурси и обезбедувањето пристап …
Continue Reading
(Видео) Реми во Амстердам, Дувикас ја шокира Србиија, атомски фудбал во скандинавското дерби
Холандија и Германија одиграа 1:1 во дербито од првиот ден, во Лигата на нации. Норвешка го доби скандинавското дерби против Данска со 3:2, Португалија минимално го победи Велс со 1:0, а Србија доживеа целосен шок во Белград, загубија од Грција (1:2), со гол во 95-та минута. Вистинска војна водеа Холандија и Германија во Амстердам. На клупите на овие репрезентации како …
Continue Reading
Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и околината, епицентарот во Грција
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка …
Continue Reading
Муцунски и Пирс разговараа за безбедноста и европската интеграција на регионот
Попладнево во Њујорк, на маргините на Генералното собрание, министерот Муцунски оствари средба со специјалната пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс. Во фокусот на разговорите беа стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан, актуелните регионални предизвици, како и натамошното продлабочување на односите меѓу двете земји во рамките на стратешкото партнерство. Акцентот на средбата беше ставен на реформските …
Continue Reading
(Видео) Десетици делегати ја напуштија салата додека Нетанјаху говореше во ОН
Десетици делегати денеска ја напуштија салата на Генералното собрание на ОН додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го започнуваше својот говор, во знак на протест против израелската политика. На напуштањето на салата претходно повикала палестинската делегација. Додека дел од претставниците излегуваа, од салата се слушаа негодувања и свирежи. Претседавачот повика на ред. Нетанјаху им порача на оние што заминаа: „Ако во …
Continue Reading
Трамп по средбата со Ши: Имавме одличен разговор
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека средбата со кинескиот претседател Ши Џинпинг била одлична, откако двајцата лидери разговараа во Белата куќа. Ши на средбата изјавил дека Кина го поддржува враќањето на Соединетите Американски Држави и Иран кон договорот постигнат во јуни, чија цел беше завршување на војната и повторно отворање на Ормускиот Теснец, објави кинеската државна новинска агенција Синхуа. Кинескиот …
Continue Reading
Претседателот на Јужна Кореја ја критикуваше Украина затоа што обелодени доверлива информација
Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, ја обвини Украина дека го прекршила договорот за доверливост со тоа што објавила дека двајца севернокорејски воени заробеници, заробени од украинските сили, биле префрлени во Јужна Кореја. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, претходно соопшти дека Украина ги заробила двајцата војници во јануари 2025 година во руската област Курск. Зеленски на социјалните мрежи напиша дека севернокорејските …
Continue Reading