Неколку луѓе во Берлин отруени со гумени бомбони, еден починат 

Неколку луѓе во Берлин беа сериозно отруени, а 42-годишен маж почина откако консумирал гумени бомбони за кои се верува дека содржеле THC. Берлинската здравствена служба издаде итно предупредување за опасни слатки. Властите истражуваат три поврзани случаи и се сомневаат дека сите жртви претходно јаделе THC гумени бомбони, објавува БИЛД. Најсериозниот регистриран случај се случил на 22 септември во берлинскиот округ …

Continue Reading

Утре променливо облачно време со температура до 21 степен

Времето утре ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен, информира УХМР. Во Скопје, облачно. Во текот на ноќта и во претпладневните часови ќе има повремени врнежи од …

Continue Reading

Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц

Следната година Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во танц, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој се обрати на Европското првенство во танц што се одржува во Скопје, а на кое учествуваат повеќе од 2.900 танчери од 26 европски земји. „На сите учесници им посакав топло добредојде во Скопје, градот кој овие денови живее во ритамот на младоста, енергијата, талентот …

Continue Reading

Даглас за Кетрин Зета-Џонс: Веднаш знаев дека таа е вистинската за мене

Мајкл Даглас ѝ упати емотивна роденденска честитка на сопругата Кетрин Зета-Џонс, со која го дели истиот роденден – 25 септември. Тој наполни 82 години, а таа 57. По тој повод, Даглас објави извадок од своите претстојни мемоари „One Helluva Ride“, во кои пишува и за нивниот речиси 26-годишен брак. „Никогаш претходно не сум се заљубил во некого кого сум го …

Continue Reading

Папата: Загрижен сум за трендовите во општеството како што се сурогат мајчинството и еутаназијата

Папата Лав денес цврсто го повтори противењето на Католичката црква на иницијативите за асистирано умирање за време на посетата на Франција, два месеци откако земјата, по години интензивна дебата, законски им го додели правото на смрт на лицата со неизлечливи болести. Првиот американски папа не го спомена експлицитно новиот француски закон, на кој жестоко се спротивставија локалните католички бискупи, но …

Continue Reading

Муцунски: Технологијата напредува брзо, но одговорноста мора да остане човечка

На маргините на 81. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се обрати на настан во рамките на Глобалната платформа за регулаторни иновации (GRIP), организиран од Генералниот секретаријат на Кабинетот на Обединетите Арапски Емирати и Светскиот економски форум. Глобалната платформа е заедничка иницијатива на ОАЕ и Светскиот економски форум, …

Continue Reading

Студентите бараат повисок износ за оброк и субвенциониран меѓуградски превоз, Јаневска рече дека иницијативите ќе бидат разгледани

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека Министерството ќе ја разгледа најавената иницијатива на студентските организации за зголемување на сумата од 140 денари за субвенциониран студентски оброк. „Со внимание ќе ги разгледаме иницијативите на студентите, како и сите досега, и по тоа внимателно разгледување ќе одговориме во рамките на нашите можности“, рече Јаневска и додаде дека по анализата …

Continue Reading

ЈСП воведува дигитална студентска картичка за бесплатен јавен превоз

ЈСП Скопје, со поддршка од Град Скопје и во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, започнува со воведување дигитална студентска превозна картичка за користење на бесплатниот јавен превоз. Новото решение ќе се имплементира за студентите на државните универзитети во Скопје, вклучително и Универзитетот „Мајка Тереза“. Процесот ќе се одвива целосно дигитално, преку автоматска синхронизација на податоците меѓу …

Continue Reading

Бил Гејтс ги повика американските власти да го регулираат развојот на вештачката интелигенција

Еден од основачите на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ги повика американските законодавци да го регулираат развојот на вештачката интелигенција (ВИ), оценувајќи дека саморегулацијата на компаниите од оваа област не е доволна. „Никој не мисли дека саморегулацијата е доволна“, рече Гејтс во интервју за „Ен-би-си“, кое во целост ќе биде емитувано во недела. Прашан дали во Вашингтон е потребно да се донесе …

Continue Reading